Линкови за пристапност

Во Тексас погубен осуденик чии адвокати тврдеа дека е ментално заостанат


Погубениот Марвин Вилсон

54-годишниот Марвин Вилсон доби смртна казна за убиството на полициски информант во 1992-ра година.

54-годишниот осуденик Марвин Вилсон беше погубен во Тексас откако Врховниот суд на САД ги отфрли аргументите на неговите адвокати дека тој е ментално заостанат.

Вилсон доби смртна казна со отровна инјекција за убиството на полициски информант во 1992-ра година.

Во 2004-та година беше дијагностициран како ментално заостанат со коефициент на интелигенција од 61, далеку под минималното нормално ниво – 70. Адвокатите на Вилсон вложија жалба на смртната казна врз основа на одлуката на Врховниот суд од 2002-ра што забранува погубување на ментално заостанати затвореници, но им дозволува на сојузните држави да одлучат што претставува ментална заостанатост.

Тексашките власти тврдеа дека тестот за интелигенцијата на Вилсон бил направен погрешно, и дека не биле земени предвид други фактори, како неговата способност да наведува и залажува други лица, што покажала дека не бил ментално заостанат.

Вилсон е седмиот погубен затвореник годинава во Тексас, сојузната држава со најмногу смртни казни во САД, и 25-от погубен во земјата во целина.
XS
SM
MD
LG