Линкови за пристапност

Tуберкулозатa потекнала од Африка


Еволуцијата на човештвото и на болеста се поклопуваат, открива нова студија, што може да даде некои одговори за иднината.

Бактеријата на туберкулоза потекнала од Африка, пред најмалку пред 70.000 години. Ова е откритието на тим научници предводени од професорот Себастијан Гагнеу од Институтот за јавно здравје со седиште во Швајцарија. Но, зошто да се проучува историјата на туберкулозата?

Гагнеу вели дека се сакало да се одговори на прашањето за кое долго се водат дискусии, но и да се научи нешто за минатото и како се развива болеста со протек на време, што потенцијално може да даде знаци за иднината на епидемијата на туберкулоза.

За да го откријат потеклото на туберколозата, научниците се послужиле со генетски материјал до кој е лесно да се дојде.

Луѓето со себе постојано носат бактерии. Некои од нив не` одржуваат во живот. Научниците се обиделе да утврдат дали бактеријата на туберкулозата отсекогаш била штетна за луѓето.

„Токму тоа е поентата на студијата, бидејќи кај туберкулозата постои феномен наречен латентна инфекција, што значи луѓето може да бидат носители на бактеријата. Некои се всушност инфицирани без да имаат симптоми на болеста. Ова може да трае со децении. Повеќето од луѓето носители на бактеријата нема да развијат активна туберколоза“, вели овој стручњак.

Студиите се обидуваат да одредат зошто само 5 до 10 проценти од околу две милијарди луѓе инфицирани со бактеријата, всушност развиваат активна туберколоза.

Друго прашање со кое научниците се занимаваат е - дали бактеријата некогаш била корисна за луѓето?

Има нешто посебно кај ттој мал процент луѓе кои се разболуваат.

Гагнеу вели дека можеби се работи за лоша среќа, но исто така се знае дека има мошне силни ризични фактори, ХИВ-вирусот, дијабетисот, неухранетоста. Но, идејата дека може да сте носител на бактеријата во латентна форма и таа бактерија всушност да ви е од корист, да ве штити од други болести, е провокативна хипотеза, која научниците не можеле комплетно да ја занемарат.

Гагнеу објаснува дека туберкулозата ја снемало од Африка кога луѓето почнале да го напуштаат од континентот, пред околу 65.000 до 70.000 години. И потоа, се појавила повторно пред околу 10.000 години, во времето на Неолитската демографска транзиција, кога луѓето почнале да го развиваат земјоделието и одгледувањето стока. Долго се мислело дека болеста почнала да се пренесува од тие животни на луѓето. Но најновата студија покажува дека туберкулозата првично се појавила кај луѓето, а потоа кај животните. Бактеријата особено добро се прилагодила на живот во човечкиот организам, и не може да опстане сама по себе во средината.

Уште еден битен податок е карактеристичен за Неолитската демографска транзиција. Луѓето почнале да формираат населби кои биле густо населени. Тоа се идеални услови за ширење на туберкулозата преку воздух, од човек на човек.

Оставена нетретирана, туберкулозата денес може да е многу смртоносна. Може да убие до 50 проценти од дијагностицираните со активна туберколоза.

Во време пред населбите, кога луѓето се собирале само за лов, туберкулозата може да не била толку смртоносна.

Откако луѓето почнале да ја напуштаат Африка, почнале и да го менуваат изгледот, адаптирајќи се на новите географски локации. Туберколозата исто така еволуирала и во моментов има многу различни форми на бактеријата што ја причинува болеста. Формата откриена во Јужна Африка се разликува од онаа откриена во Кина на пример, иако во Африка, сепак се регистрирани најмногу видови на оваа бактерија.

Научниците се надеваат дека еволутивната историја на туберколозата може да помогне во развојот на нов вид на третман и вакцини. Во моментов бројот на случаи на туберколоза отпорни на лекови, расте. Новостекнатото знаење може исто така да помогне да се предвидат идни патишта на развој на болеста.
XS
SM
MD
LG