Линкови за пристапност

Тарифи за да го вратат производството во САД


Тарифи за да го вратат производството во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Тарифите отсекогаш биле алатка во трговската политика на САД, но под претседателот Доналд Трамп тие повторно заземаат централно место. Претседателот Трамп ја одложи новата царина од 25 отсто само за увоз на возила од Канада и Мексико за еден месец.

Мексико, Канада и Кина - клучните трговски партнери на САД - веќе го чувствуваат влијанието, додека глобалната загриженост продолжува да расте.


„Мексико и Канада се клучни трговски партнери, така што заканата од царини е без преседан, вели Алфредо Карило Обрегон од институтот Като.

Администрацијата на Трамп воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада, освен за одредени канадски енергетски производи, кои се соочуваат со царина од 10 отсто. Претходно, веќе важеа посебни царини за челик и алуминиум од овие земји.


„Тие ни наплаќаат тарифи со години. Време е да бидеме реципрочни“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Овие тарифи имаат за цел да се спротивстават на нефер трговските практики и да го вратат производството во САД, но експертите предупредуваат дека најголемото влијание ќе го почувствуваат индустриите зависни од прекуграничната трговија.

Автомобилскиот сектор е на врвот на листата. Мексико и Канада го снабдуваат најголемиот дел од американските моторни возила и делови, а исто така се меѓу најголемите купувачи на американскиот извоз на автомобили.


„Автоделовите ги минуваат границите на САД, Мексико и Канада седум до осум пати пред да се склопат во возилото, додава Обрегон.

Земјоделскиот сектор, исто така, може да биде погоден. Над половина од увозот на овошје и зеленчук во САД доаѓа од Мексико.


90 проценти од авокадото што се консумира во САД е увезено од Мексико“, додава тој.

Енергијата исто така. Во 2023 година, Канада и Мексико обезбедиле над 71% од увозот на сурова нафта во САД, а само Канада учествувала со речиси 60%.

Царините за Кина најмногу ги погодија електрониката и производите за широка потрошувачка - мобилните телефони, компјутерите и многу повеќе.


„Новите правила ги укинаа царинските ослободувања за стоки за е-трговија како што се Тему и Шејн. Домашните производители ќе имаат добивка, но тоа е голем удар за увозниците“, вели Камерон Џонсон од Тидалвејв Солушан.

Индустриите и потрошувачите внимателно следат што се случува. Останува прашањето: Дали овие тарифи ќе создадат нови работни места или едноставно само ќе ги зголемат трошоците за потрошувачите?

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG