Линкови за пристапност

Тајланд: опозицијата со крв против владата


Протестите против владата во Тајван пролеаа сопствена крв пред владини згради во Бангкок со цел да го привлечат вниманието на нивното барање за нови избори

Протестите против владата во Тајван пролеаа сопствена крв пред владини згради во Бангкок со цел да го привлечат вниманието на нивното барање за нови избори.

Демонстрантите од рани утрински часови чекаа во редици медицински персонал да им извади мали количества крв. Така собраната крв подоцна беше пролеана пред седиштето на Владата, каде се наоѓа канцеларијата на премиерот Абхисит Веџаџива, а истото требаше да биде сторено и пред домот на премиерот и седиштето на неговата владејачка Демократска партија.

Водачите на демонстрантите велат дека крвта го симболизира жртвувањето што се подготвени да го сторат, но критичарите спорат дека тактиката е нехигиенска и расипничка.

Набљудувачите велат дека жртвувањето со крв значи и да се задржи вниманието на преку 100.000 граѓани, повеќето од нив од рурални области, кои демонстрираат во Банкок уште од саботата. Таканаречените „Црвени маици“ се поддржувачи на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше сменет со воен удар во 2006-та.

XS
SM
MD
LG