Линкови за пристапност

Нови преговори меѓу Русија и САД за војната во Сирија


.
.

Состанокот ќе се оджи во сабота во Лозана, Швајцарија

Русија изјави дека ќе реазговара со САД за кризата во Сирија, како и со други регионални сили во сабота во Лозана, Швајцарија.

Во изјавата од Министерството за надворешни работи се вели дека министерот Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери се согласиле за состанокот, во обид да создадат „услови за решение“ на конфликтот.

Министрите за надворешни работи на Турција, Катар, Саудиска Арабија и на Иран, исто така ќе учествуваат во разговорите.

Вашингтон неодамна ги прекина директните преговори со Русија за прекин на огнот во Сирија.

Набљудувачите изјавија дека во вторникот руски авиони извршиле бомбашки напад во источните делови на Алепо, под опсада на бунтовниците, при што биле убиени повеќе од 20 луѓе.

XS
SM
MD
LG