Линкови за пристапност

Сириската опозиција ја поздрави посетата на Мекејн


Сенаторот Џон Мекејн со американски војници, во обиколка на инсталација на проектилите Патриот во јужна Турција, на 27-ми мај 2013-та.
Сенаторот Џон Мекејн со американски војници, во обиколка на инсталација на проектилите Патриот во јужна Турција, на 27-ми мај 2013-та.

Командантите на бунтовниците на средбата со сенаторот побарале оружје и муниција.

Опозицијата во Сирија ја поздрави ненајавената посета на влијателниот американски сенатор Џон Мекејн на бунтовниците во земјата како “исклучитечно значајна“.

Соработници на Мекејн велат дека тој вчера влегол во Сирија од Турција, заедно со командантот на Слободната сириска армија, генералот Салам Идриз.

„Сметаме дека ова е особено значајно, бидејќи сенаторот уште од самиот почеток ги поддржува демократските аспирации на сирискиот народ и сириската револуција. Тој, исто така, напорно работи во рамки на својата земја – неговата влада да земе активна улога во поддршката на сириската револуција и вооружувањето на Слободната сириска армија“, изјави Анас Абдах, портпаролот на главната опозициона организација, Сириската национална коалиција.

Командантите на бунтовниците на средбата со Мекејн побарале САД да им дадат оружје и муниција, да воспостават зона за забрането летање за воздухопловните сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад и да извршат напади против либанските милитанти од Хезболах во Сирија и Либан, кои го поддржуваат Асад.
XS
SM
MD
LG