Линкови за пристапност

Кери во Јордан на разговори за обид за мир во Сирија


Едно од главните прашања на агендата е американско-рускиот предлог следниот месец да се одржи мировна конференција за конфликтот што трае две години.

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Јордан, каде се среќава со американските сојузници и лица од сириската опозиција за разговори чија цел е градење поддршка за предложената мировна конференција за Сирија, следниот месец.

Кери пристигна во јорданскиот главен град Аман во среда, пред средбата на највисоките дипломати од САД и десет други западни и арапски нации кои себе си се нарекуваат „Пријатели на Сирија“. Истакнати членови на главната опозициона Сириска национална коалиција, исто така треба да присуствуваат.

Едно од главните прашања на агендата е американско-рускиот предлог да се доведат на едно место сириската влада и опозиција, следниот месец, за разговори во врска со политичко решение за конфликтот во Сирија што трае две години. Не е јасно дали сириската влада и опозиција ќе присуствуваат, кого тие ќе претставуваат и каде разговорите ќе се одвиваат.
XS
SM
MD
LG