Линкови за пристапност

ИСИЛ држи во заложништво десетици новинари


Сирија е една од најопасните држави за новинарите во светот, наведува Комитетот за заштита на новинарите

Американскиот фоторепортер Џејмс Фоли, кого ИСИЛ го обезглави и објави снимка од погубувањето, е еден од преку 80-те новинари што биле грабнати додека известувале за конфликтот во Сирија.

Комитетот за заштита на новинарите објави дека најмалку 20 домашни и странски новинари се` уште се водат како исчезнати во Сирија, и за многумина се верува дека се заложници на милитантите.

„Сирија е една од најопасните држави во светот за новинарите“, наведува Кортни Радиш, директорка на Комитетот, во изјавата за Гласот на Америка. „Тоа е исклучително важен конфликт во којшто буквално го ризикуваат животот“, вели Радиш.

Таа потенцира дека новинарите се недолжни, објективни набљудувачи и дека се обидуваат да известат што се случува, за да знае светот. Но, многу често работат без доволно заштита и средства.

„Новинските организации треба да обезбедат дека прават се` што можат за безбедноста на новинарите, без оглед дали се редовно вработени или пак соработници“, смета Радиш.

XS
SM
MD
LG