Организацијата за забрана на хемиско оружје денес објави дека нејзините истражувачи, утврдиле дека хлорот најверојатно бил користен во нападот во северниот дел на Сирија, во февруари оваа година.
Групата го базираше својот извештај врз база на интервјуа направени со здравствени работници и сведоци, како и со тестирање на примероци од местото на нападот во областа Саракеб во провинцијата Идлиб.
Во тоа време, медицинските групи и одговорните лица објавија дека цивилите имале знаци дека вдишиле хлорен гас, вклучувајќи и проблеми со дишењето и мирисот на хлор на нивната облека.
Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад за спроведување на нападот.
Мандатот на организацијата е само за да се утврди дали е користено хемиско оружје, а не и да се идентификува кој е одговорен.
Сириската влада постојано негираше дека користела хемиско оружје во текот на конфликтот што започна во март 2011-та година.
Мандатот на организацијата е само за да се утврди дали е користено хемиско оружје, а не и да се идентификува кој е одговорен
Facebook Forum