Линкови за пристапност

Жртви во наводен напад со хемиско оружје во Сирија


Според Сириската опсерваторија за човекови права, во воздушниот напад во северна Сирија, загинале 58 лица, од кои 11 деца

Бројот на жртвите во наводниот напад со хемиски гас во северна Сирија, сега изнесува 58 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, која врши мониторинг на граѓанската војна во земјата.

Организацијата додава дека најмалку 11 деца се меѓу загинатите во воздушниот напад врз градот Кан Шеикхун во северната провинција Идлиб.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, во моментов не е познато дали зад нападот стојат руски или сириски воени авиони.

Провинцијата Идлиб е под контрола на бунтовниците коишто се борат против силите на претседателот Башар Ал-Асад уште од 2001-та година.

Во граѓанската војна во Сирија досега животот го загубиле преку 400.000 лица, а раселени се милиони, со што е причинета најголемата бегалска криза од Втората светска војна, наваму.

Сирија и порано е обвинувана дека користела хемиско оружје против цивилно население. Режимот порекнува вакви тврдења.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG