Линкови за пристапност

Клинтон поттикнува на акција во Сирија


Клинтон поттикнува на акција во Сирија
Клинтон поттикнува на акција во Сирија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон бара акција од ОН заедно со Арапската лига за мир во Сирија.

Факти за Арапската лига

  • Арапската лига е асоцијација од 22 држави со седиште во Каиро.

  • Основана е на 22 март, 1945 година во Каиро со цел зацврстување на односите меѓу земјите членки, преку политичка, економска и културна соработка

  • Први земји членки на организацијата биле Египет, Ирак, Трансјордан (подоцна преименуван во Јордан), Либан, Саудиска Арабија и Сирија. Јемен се приклучил неколку месеци подоцна.

  • Набил Елараби е избран за Генерален секретар на Арапската лига во мај 2011.

  • Членството на Сирија е суспендирано во ноември 2011, по крвавото задушување на продемократските протести.

  • На 22 јануари, 2012, Арапската лига му предложи на претседателот на Сирија Башар ал-Асад да ја педаде власта на негов заменик и да се формира влада на национално единство во период од два месеца. Планот беше отфрлен од Сирија.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ќе го поттикне Советот за безбедност на ОН да го поддржи планот за мир во Сирија на Арапската лига, откако Вашингтон силно го осуди ескалирачкото насилство од владата на претседателот Башар ал-Асад.

Клинтон ќе им се приклучи на министрите за надворешни работи на Франција и Британија на сесијата на Советот за безбедност во вторник. Западните сили работат на нацрт-резолуција за поддршка на планот на Арапската лига, кој повикува Асад да ја напушти власта како начин за решавање на кризата.

Сирија го отфрли предлогот како прекршување на нејзината сувереност.

Клинтон во соопштение од понеделникот изјави дека Советот за безбедност мора да преземе акција со покажување на меѓународната заедница дека на сириското задушување на 10-месечното востание на опозицијата гледа како на закана за безбедноста.

Таа кажа дека САД ги осудуваат „насилните и брутални“ напади на сириската влада во кои се убиени стотици цивили во изминатите неколку денови.

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја поттикна Русија да ја поддржи резолуцијата, велејќи дека е време членовите на Советот за безбедност да престанат да „ги штитат оние кои имаат крв на рацете“.

Членовите на Советот Русија и Кина ставија вето на резолуцијата поддржана од запад минатиот октомври со која требаше да се осуди сириското задушување на востанието.

Но рускиот заменик-министер за надворешни работи Генади Гатилов кажа дека „Москва не може да поддржи“ таква резолуција зашто е пристрасна против владата на Асад, долгогодишен руски сојузник и купувач на руска армиска стока.

XS
SM
MD
LG