Линкови за пристапност

Немам агенда и ќе го следам законот, рече Барет на сослушувањето во Конгресот


Номинацијата за Врховниот суд рече дека не би дозволила нејзините лични и религиозни погледи да бидат пресудни во носењето на одлуките

Номинацијата за Врховниот суд Ејми Кони Барет одби да одговори на повеќе прашања на сенаторите, за тоа како би можела да одлучи при правни спорови доколку биде потврдена за судијка на највисокиот суд во државата.

Сепак таа рече дека не би дозволила нејзините лични и религиозни погледи да бидат пресудни во носењето на одлуките.

„Немам агенда. Ќе го следам законот“, рече таа, на денешниот втор ден сослушување во Сенатската комисија за правосудство.

Таа одби да каже како би одлучила во врска си легализацијата на абортус од 1973 година, за правата за поседување оружје, како и за Законот за здравствена заштита кој ќе треба да се расправа следниот месец.

Таа не одговори и дали би се изземала од можни правни спорови поврзани со изборите во ноември.

Барет рече дека немала разговори со Трамп за тоа како би одлучувала во евентуални изборни спорови, нагласувајќи дека би било неетички за неа да има таква дискусија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG