Линкови за пристапност

САД заостануваат зад Кина и ЕУ во суперкомпјутерите


Според стручњаците коишто неделава се собраа на годишна конференција во Њу Орлеанс

Стручњаци за суперкомпјутери, коишто неделава се собраа на годишна конференција во Њу Орлеанс, велат дека САД можеби почнале да заостануваат зад Кина и Европската унија во производството и примената на ваквите машини.

Суперкомпјутерите можат да вршат милијарди математички операции во секунда и се употребуваат за разни задачи, од предвидување на временските услови, преку статистичка анализа на ДНК-истражувања, па се` до пробивање на шифри.

Со години, суперкомпјутерите се произведуваа во САД, но инвестициите од висок приоритет во Европа и Азија го сменија тоа и сега Кина се наоѓа во водство.

Иако поголемиот дел од хардверот на суперкомпјутерите се` уште се произведува во САД, стручњаците најавуваат дека и тоа би можело да се смени, со фактот дека корпорацијата ИБМ ја продаде својата фабрика за производство на напредни сервери на компанијата Леново, базирана во Кина.

Во јуни 2013-та, кинескиот суперкомпјутер Тјанхе 2 беше рангиран како најбрз во светот, со брзина од 33,86 петафлопи. Петафлоп е еднаков на илјада трилиони операции во секунда.

Американските стручњаци планираат да изградат компјутер со уште поголема брзина, од една илјада петафлопи, но засега не е утврден датумот кога таквата машина би станала реалност.

XS
SM
MD
LG