Шведската полиција соопшти дека дошло до судири во имигрантски кварт во третиот по големина град, откако антимуслимански демонстрант запали копија од Куранот.
Полицијата во Малме соопшти дека биле гаѓани со камења и запалени десетици автомобили, вклучително и во подземна гаража.
Тие ги опишаа настаните што започнаа во неделата и траеја во текот на ноќта како „насилни немири“.
Судирите започнале откако антиисламскиот активист запалил копија од Куранот и разгневената толпа се обидела да го спречи.
Полицијата привела најмалку три лица.
Рано денес, толпа главно млади луѓе, запали гуми и остатоци, а некои фрлаа електрични скутери, велосипеди и бариери.