Линкови за пристапност

Палењето Куран во Стокхолм го отвора прашањето за влез на Шведска во НАТО, вели шефот на турската дипломатија


Фидан рече дека Турција ќе го одобри членството на Шведска во воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши домашната задача“ и продолжи со напорите за решавање на загриженоста на Турција.
Фидан рече дека Турција ќе го одобри членството на Шведска во воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши домашната задача“ и продолжи со напорите за решавање на загриженоста на Турција.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, вели дека неуспехот на шведските власти да ги спречат протестите на кои имаше палење Куранот во државата предизвикува загриженост за безбедноста и прашања за акредитациите на Шведска за можно членство во НАТО.

Фидан рече дека Турција ќе го одобри членството на Шведска во воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши домашната задача“ и продолжи со напорите за решавање на загриженоста на Турција.

„Фактот што шведскиот безбедносен систем не е способен да спречи провокации и претставува слика на (држава) што носи проблеми во НАТО - наместо поголема моќ - не тера да размислуваме во однос на стратешките и безбедносните аспекти“, рече Фидан.

НАТО сака Шведкса што е можно поскоро да влезе во НАТО, а пред Самитот за 11 и 12 јулу, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика состанок меѓу високите претставници од Турција, Шведска и Финска кој треба да се одржи во четврток со цел да се дадат напори во надминување приговорите од страна на Турција за за членството на Шведска.

НАТО бара едногласно одобрение од сите земји – членки за проширување. Турција и Унгарија се единствените земји кои сè уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска.

Шведска и Финска ја напуштија својата повеќедецениска неутралност и аплицираа за да се приклучат на воениот сојуз минатата година по руската инвазија на Украина.

Турција се воздржува да го ратификува членството на Шведска во алијансата, обвинувајќи ја дека е премногу мека кон групите кои Анкара ги смета за закана за нејзината безбедност.

XS
SM
MD
LG