Линкови за пристапност

Опозицијата во Судан бара транзиција кон цивилна влада


Армијата, која беше под контрола на долгогодишниот претседател Омар ал-Башир кој беше соборен во април, се согласи да ги ослободи политичките затвореници

Етиопски претставник вели дека демонстрантите во Судан и воените власти на земјата треба да ги продолжат разговорите со цел враќање на цивилното владеење на Судан.

По средбата со највисокиот американски дипломат за Африка во средата, лидерот на главната опозициска коалиција во Судан изјави дека САД ги поддржуваат нивните напори за транзиција кон цивилна влада.

„Јасно му кажавме на американскиот помошник државен секретар (за Африка) дека сме благодарни за улогата на САД, и тој ни објасни дека тие (САД) ја поддржуваат транзицијата кон цивилна влада и дека ќе застанат од страна на африканската иницијатива“, рече лидерот на Декларацијата за слобода Мадани Абас Мадан.

Армијата, која беше под контрола на долгогодишниот претседател Омар ал-Башир кој беше соборен во април, се согласи да ги ослободи политичките затвореници.

Насилството во Судан кулминираше минатиот декември. Зголемувањето на цените на лебот и недостигот на готовина предизвикаа протести против Ал Башир, пред да биде соборен по три децении на власт.

Во меѓувреме, за специјален пратеник за Судан, САД го назначи дипломатот Доналд Бут.

Тој беше специјален претставник за Судан и Јужен Судан и за време на администрацијата на Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG