Линкови за пристапност

Бурата Ета до утре би можела да стане ураган од трета категорија, предупредуваат метеоролозите


Се очекува бурата рапидно да се интензивира во наредните 24 часа, движејќи се кон Никарагва

Метеоролозите велат дека ураганот Ета се засилува во јужните Кариби, и би можел да стане голем ураган наскоро.

Националниот центар за урагани соопшти дека Ета е на околку 265 километри северостично од Никарагва, и оти се движи западно со брзина од околу 17 километри на час. Пропаратен е со ветрови од 150 километри на час, што ја прави силна бура од прва категорија.

Метеоролозите очекуваат бурата рапидно да се интензивира во наредните 24 часа, велејќи дека би можела да стане ураган од трета категорија додека утре да стигне до Никарагва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG