Линкови за пристапност

Почина Стивен Хокинг


На 76-годишна возраст, почина познатиот британски физичар Стивен Хокинг, кој се обидуваше да разбере голем број космички теми, од почетоците на универзумот, до сложеноста на црните дупки.

Портпаролот на семејството изјави дека тој починал мирно во својот дом во Кембриџ, каде што работеше со децении како професор по математика на Универзитетот во Кембриџ.

Тој беше дијагностициран со амиотрофна латерална склероза кога имаше 21 година, болест која го ограничи на инвалидска количка и му ја одзеде способноста да зборува, комуницирајќи преку машина.

Лекарите предвидуваа дека тој ќе живее само неколку години, но ги надживеа прогнозите, фокусирајќи се на работата што вклучуваше обид за премостување на јазот меѓу генералната теорија на релативноста на Алберт Ајнштајн, која го опишува движењето на големи објекти и теоријата на квантната механика, којашто ги изучува субатомските честички.

„Мојата цел е едноставна, тоа е целосно разбирање за универзумот, каков што е и зошто воопшто постои“, рече Хокинг.

Неговата книга „Кратка историја на времето’ од 1988-та година, стана меѓународна бестселер и му донесе широка слава.

Еден од неговите најпознати достигнувања се поврзува со истражувањето за црните дупки.

Хокинг воедно беше поборник за патување до Месечината и Марс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG