Линкови за пристапност

САД: Сочувство и повик да се реши ситуацијата во Македонија


Потребна соработка и дијалог на водачите за прашањата како развлечената политичка криза и неопходните реформи, според претставник на Стејт департментот

САД длабоко жалат за загубените животи во акциите во и околу Куманово и изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Во мислите сме со семејствата на полицајците убиени во операцијата и со граѓаните затекнати во насилството, наведува претставник на Стејт департментот.

Истиот извор вели дека официјален Вашингтон ја следи ситуацијата и е во непосреден контакт со властите и политичките водачи. Истовремено, американската влада ги повикува граѓаните во Македонија да останат смирени и да дозволат да се утврдат фактите.

Претставникот на Стејт департментот ги повика македонските водачи да соработуваат и да се вклучат во дијалог за прашањата со коишто се соочува земјата, истакнувајќи ги во тој контекст развлечената политичка криза и неопходните реформи.

XS
SM
MD
LG