Линкови за пристапност

Одгласи во САД за состојбата во Македонија


Одглас во САД за состојбата во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00

Одглас во САД за состојбата во Македонија

Mедиумите главно јавуваат преку агенциски извештаи; ОМД изрази сочувство за загинатите и поддршка за територијалниот интегритет

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон е длабоко загрижена за случувањата во Македонија од изминатиот викенд. ОМД изрази сочувство до семејствата на загинатите и јасна поддршка за територијалниот интегритет на Република Македонија.

Американските медиуми главно преку агенциски извештаи јавуваат за ситуацијата по дводневните престрелки во Куманово.

Весникот „Лос Анџелес тајмс“, пак, преку свој специјален известувач, пренесе изјава на портпаролот на МВР Иво Котевски дека била неутрализирана една од најопасните терористички групи на Балканот, а наведува и соопштение, коешто го пренеле албанските медиуми, дека групата наводно планирала операција како дел од борбата за слобода и национален дигнитет на Албанците. Репортерот на „Лос Анџелес тајмс“ вели дека регионот, познат како „косовски триаголник“, е и упориште на албанскиот организиран криминал, каде што се наоѓа големо количество на хероин, на патот кон Западна Европа и дека профитот од трговијата со дрога и претходно ги финансирал албанските милитантни групи.

„Њујорк тајмс“ преку куса вест од „Асошиетед прес“ јавува за состојбата и загинатите во Македонија, како и дека според МВР, некои од уапсените имале ознаки на униформите на расформираната Ослободителна армија на Косово.

И „Ју Ес њуз енд ворлд репорт“ се повикува на „Асошиетед прес“, цитирајќи ја изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски дека вооружена група во Македонија планирала напади врз државни институции и јавни места и дека добро вооружените и обучени 40-тина лица претходно учествувале во напади во регионот и на Блискиот Исток. „Ју Ес њуз енд ворлд репорт“ пренесува изјава на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за длабоката загриженост за ситуацијата и неговиот повик да се избегне натамошно влошување коешто би можело да ја поткопа севкупната стабилност на земјата.

XS
SM
MD
LG