САД ја поздравија одлуката на Парламентот да ги усвои амандманите за уставните измени, потребни за ратификација на Договорот од Преспа.
„Македонските лидери покажаа визија, храброст и упорност во решавање на спорот за името, што ќе и` дозволи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија“, соопшти Стејт департментот, нагласувајќи дека САД на ова гледаат како историска можност да се подобрат стабилноста, безбедноста и просперитетот во целиот регион.
Со 81 глас „за“ пратениците во петокот ги усвоија четирите амандмани предложени од Владата, кои беа предвидени во Договорот со Грција, а со кои името на државата се менува во Република Северна Македонија.
Со двотретинско мнозинство беше усвоен и Уставниот закон, со кој се регулира и државјанството како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.
Facebook Forum