Српската полиција денес соопшти дека уапсила осомничен во вториот случај на масовно пукање во Србија за два дена.
Уапсениот е осомничен за пукање вчера при кое загинаа осум лица и беа ранети 14 во село во близина на Белград.
Ова се случи еден ден откако 13-годишно момче, наводно, отворило оган во училиште во Белград, при што уби девет и рани 7.
Денешното апсење дојде откако стотици полицајци цела ноќ го бараа напаѓачот кој пукаше по случаен избор во три села во близина на Младеновац. Тој е уапсен во близина на градот Крагуевац.
Во средата, 13-годишното момче се пријави во полиција откако наводно го употребил пиштолот на неговиот татко за да убие осум негови соученици и еден чувар во неговото училиште во Белград.
Официјални лица велат дека тинејџерот е премногу млад за да биде обвинет. Асошиетед прес јавува дека момчето е сместено во ментална институција.
Таткото на момчето, сепак, е приведен во случајот, под сомнение дека ја загрозил јавната безбедност бидејќи неговиот син можел да го земе оружјето, рекоа официјалните лица.
По пукањето во училиште, владата воведе нови мерки за контрола на оружјето, вклучително и двегодишна забрана за издавање нови дозволи за оружје.
Пукањето во средата беше прво масовно пукање во Србија во последните 10 години.
Србија прогласи тридневна национална жалост што ќе започне денес.
Некои информации во овој текст се од АП