Голем американски весник извести дека тајната Национална агенција за безбедност ја следи локацијата на мобилни телефони во светот во напор за следење на познати разузнавачки цели и луѓе кои се поврзани со нив.
Вашингтон пост извести во четврток дека шпионската агенција собира близу пет милијарди податоци дневно со шпионирање, кои потоа се анализираат да го покажат движењето на корисниците на мобилните телефони и можни терористички закани што тие ги претставуваат за САД и други држави.
Весникот кажа дека откривањето на шпионирањето доаѓа од масивното каше` на документи порано годинава објавени од поранешниот вработен во националното разузнавање на САД Едвард Сноуден, кој сега живее во азил во Русија.
Весникот вели дека анонимен претставник на Агенцијата, зборувајќи со дозвола од агенцијата, изјавил за весникот дека владата „добива голем волумен“ на дата за локации преку шпионирање, и дека не се цели намерно на Американци. Мобилните телефони ги емитуваат нивните локации постојано, дури и кога никој не разговара или испраќа текстуални пораки на нив.