Линкови за пристапност

Шпанската централна власт најави влез во Каталонија


Кабинетот на Рахој се повикал на Членот 155 од Уставот на Шпанија, со кој на владата и` се дава овластување за одземање дел или цела автономија на Каталонија

Шпанскиот премиер Маријано Рахој по вонредниот состанок со својот кабинет, соопшти дека ќе ја распушти сепаратистичката влада во Каталонија и ќе побара распишување нови избори, во обид да го спречи полуавтономниот регион да прогласи независност.

Кабинетот на Рахој се повикал на Членот 155 од шпанскиот Устав, со кој на владата и` се дава овластување за одземање дел или цела автономија на Каталонија. Опозициските политички партии се согласија да го поддржат влезот на централната власт во Каталонија. Рахој е речиси сигурен дека наредната недела ќе ги добие потребните гласови од горното законодавно тело на Шпанија, со кое владее неговата Конзервативна партија.

Лидерот на Каталонија Карлес Пуџдемон, рече дека потегот на премиерот бил „најлош напад врз институциите и каталонскиот народ“ од времето на Франциско Франко, досега, и повика на состанок на каталонскиот парламент. Франко бил воениот диктатор на Шпанија од 1939-та година, па се` до неговата смрт во 1975-та.

„Маријано Рахој всушност најави државен удар, со цел да ја собори демократски избраната влада“, рече спикерката на парламентот на Каталонија, Карме Форкадел.

Рахој изјави дека заканата на Пуџдемон за отцепување „е унилатерална, спротивна на законот и претставува повик за конфронтација“.

Полицијата на Барцелона соопшти дека на протестите во саботата излегле околу 450.000 демонстранти, а многумина од нив скандирале „слобода“ и „независност“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG