Линкови за пристапност

Јужна Кореја заплени брод заради прекршување на санкциите на ОН


Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, соопшти дека државата запленила брод кој пловел под знамето на Хонконг, којшто и покрај санкциите на Советот за безбедност на ОН, во меѓународните води префрлил нафта на севернокорејски брод.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, објави дека Сеул ги известиле САД за „откривањето на нелегалниот трансфер“.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг, ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Кина во шверцот на стоки во или надвор од Северна Кореја.

Најновото кинеско негирање доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини Пекинг дека ги олеснува испораките на нафта во Северна Кореја.

Советот за безбедност на ОН минатата недела воведе нови санкции, со цел да се ограничи пристапот на Северна Кореја до нафта, како одговор на неодамнешниот тест на проектили со долг дострел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG