Линкови за пристапност

Сослушување за обидот за атентат врз Трамп во Конгресот – неуспех на Тајната служба, а не локалната полиција


Сведоците положуваат заклетва за време на сослушувањето на Работната група на Претставничкиот дом за обидот за атентат на републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули, во американскиот Капитол, во Вашингтон, 26 септември 2024 година.
Сведоците положуваат заклетва за време на сослушувањето на Работната група на Претставничкиот дом за обидот за атентат на републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули, во американскиот Капитол, во Вашингтон, 26 септември 2024 година.

ВАШИНГТОН - Членовите на двопартиската комисија во Претставничкиот дом што ги истражува обидите за атентат на Трамп за време на првото сослушување денеска сугерираа дека неуспесите што доведоа до вооружен маж да отвори оган врз поранешниот претседател Доналд Трамп биле кај американската тајна служба, а не кај локалната полиција.

Во својата воведна изјава, републиканскиот копретседател на комитетот, пратеникот Мајк Кели од Пенсилванија, ја обвини каскадата од неуспеси на Тајната служба што му дозволија на напаѓачот, Томас Мајкл Крукс, да добие пристап до покривот на блиската зграда и отвори оган кон Трамп. Трамп беше ранет, а еден човек кој присуствуваше на митингот со неговото семејство беше убиен.

„Во деновите пред митингот, немаше ниту една грешка што му дозволи на Крукс да ја надмине една од најелитната група на безбедносни професионалци во нашата земја. Имаше безбедносни неуспеси на повеќе фронтови“, рече Кели.

Панелот - составен од седум републиканци и шест демократи - ги помина последните два месеци анализирајќи ги безбедносните неуспеси што му дозволија на вооружениот маж да се качи на покривот и да отвори оган кон поранешниот претседател за време на предизборниот митинг на 13 јули во Пенсилванија. Сега тие исто така го истражуваат апсењето на Тајната служба овој месец на маж со пушка на теренот за голф на Трамп во сојузната држава Флорида, кој се обиде да го убие претседателскиот кандидат на Републиканската партија.

Осомничениот за вториот обид за атентат, Рајан Весли Рут, наводно насочувал со пушка од грмушка околу голфот на Трамп во Вест Палм Бич, кога бил откриен од агент на Тајната служба. Агентот отворил оган и Рут побегнал пред да биде фатен од локалните власти.

Денешното сослушување е првпат работната група да ги претстави своите наоди на јавноста откако со недели спроведуваа речиси дваесетина интервјуа со органите на прогонот и добија повеќе од 2 800 страници документи од Тајната служба. Фокусот е на употребата на локалните органи за спроведување на законот од страна на Тајната служба, со сведочења од полициски службеници од Пенсилванија и округот Батлер.

XS
SM
MD
LG