Линкови за пристапност

Американската војска ликвидираше над 60 екстремисти во Сомалија


Војската на САД соопшти дека во текот на викендот биле извршени шест воздушни напади во приморскиот регион Гандарше во Сомалија, при што биле ликвидирани 62 екстремисти од групата Ал-Шабаб.

Африканската команда на војската соопшти дека во саботата биле спроведени четири воздушни напади, при што загинале 34 милитанти. Во уште два воздушни напади во неделата загинале уште 28 припадници на групата.

„Африканската команда и нашите сомалиски партнери ги спроведоа овие воздушни напади за да ги спречат терористите да користат издвоени области за засолништа, насочување и регрутирање за идни напади“, соопштија од АФРИКОМ, додавајќи дека нема убиени или повредени цивили во нападите.

САД спроведуваат редовни воздушни напади во Сомалија како поддршка на владата која со години се бори против бунтот на групата Ал Шабаб.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG