САД и Бугарија заеднички се посветени да обезбедат воена и хуманитарна помош за Украина во лицето на руската брутална војна, соопшти Стејт департментот по повод 120 години дипломатски односи меѓу двете земји.
„Ние продолжуваме да ја продлабочуваме нашата соработка за виталните регионални и глобални безбедносни прашања како сојузници на НАТО, работејќи рамо до рамо во борбената група на НАТО чиј домаќин е Бугарија и редовно обучуваме заедно“, се вели во изјавата на портпаролот Метју Милер.
Во изјавата се вели дека „нашите народи ја прошируваат соработката за економски и енергетски прашања за да го зголемат просперитетот, да се справат со климатската криза и да ја намалат зависноста на Бугарија од руските енергетски извори“.
„Заедно, работиме на зајакнување на владеењето на правото и на зајакнување на демократската отпорност против дезинформациите и малигните влијанија“, нагласувајќи дека САД и Бугарија работат заедно на промовирање на иновациите и економските можности преку академски и професионални размени и силни комерцијални односи.