Елбриџ Гери беше гувернер на Масачусетс и потпретседател на претседателот Џејмс Медисон. Но, она по што најмногу се памети е што го позајми своето име на партизанска политичка тактика. |
Во 1812 година, републиканската партија на Гери ги преобрази гласачките области во Масачусетс за да ја максимизира нивната предност. |
Ова создаде згрчена форма која личи на саламандер, која карикатуристите на весниците ја нарекоа „Геримандеринг“. |
Постојат повеќе начини на кои владејачките партии можат да манипулираат со изборните граници за да имаат корист на идните избори. |
Пакувањето се занова на различни области каде што гласачите фаворизираат една партија во што е можно помалку области за да се ограничи влијанието на таа партија. |
Со пукањето или поделбата, областите чии жители веројатно ќе поддржат спротивставена партија се поделени во неколку области за да им се оневозможи мнозинството гласови |
Одземањето принудува двајца популарни функционери од иста партија да се натпреваруваат еден против друг, и ја менува областа на домашната адреса на актуелниот претседател. |
Гласачките области се прецртуваат на секои 10 години, по пописот во САД. |
Во повеќето држави, прераспределбата е контролирана од законодавниот дом, дозволувајќи и на партијата која е на власт во тоа време да создаде трајно неконкурентни области. |
Но, некои држави се префрлија на тоа нивните мапи на областите да бидат креирани од двопартиски или независни комисии. |
Конкурентното окружување би им овозможило на гласачите да ги изберат своите претставници наместо претставниците да ги избираат своите гласачи. |
Facebook Forum