Линкови за пристапност

Што е државјанство од раѓање во САД?


Што е државјанство од раѓање во САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Претседателот Доналд Трамп повторно разгорува жестока дебата: Дали секој роден на американско тло треба автоматски да стане американски граѓанин? Ова прашање удира во срцето на американскиот идентитет, историја и право. Еве што треба да знаете за државјанството по право на раѓање во САД.

Откако се врати во Белата куќа на 20 јануари, Трамп потпиша бројни извршни наредби насочени кон преобликување на политиката на САД. Меѓу нив е и обидот да се стави крај на државјанството со право на раѓање - политика на која Трамп беше насочен уште од неговиот прв мандат.

Државјанството произлегува од латинскиот правен принцип жус - соли (jus soli), или „право на почвата“ - гаранција на државјанство на речиси сите родени на тлото на САД. Ова право беше втемелено во 14-тиот амандман на Уставот на САД, кој вели: „Сите лица родени во САД и кои подлежат на нивна јурисдикција, се државјани на Соединетите Американски Држави и на државата во која живеат“.

Во 1898 година, пресудата на Врховниот суд против Вонг Ким Арк потврди дека овој принцип се применува без оглед на имиграцискиот статус на родителите на детето. САД остануваат една од 30-те земји кои нудат државјанство со право на раѓање, заедно со Канада, Мексико и други.

Извршната наредба на Трамп има за цел да се одбие државјанството на децата родени од родители без документи или оние со привремени визи. Сепак, правните експерти тврдат дека ова е неуставно, при што американскиот окружен судија Џон Кофенур привремено го блокираше процесот. Тие забележуваат дека за промена на овој принцип ќе биде потребна уставна измена или одлука на Врховниот суд.

Претседателот тврди дека оваа политика ја поттикнува неовластената имиграција со доделување автоматско државјанство на деца на не-државјани, што тој го гледа како дупка во законот за имиграција.

Тој тврди дека сегашното толкување на 14-тиот амандман е погрешно применето, што доведува до автоматско државјанство за деца родени во САД од родители кои не се државјани на државата, вклучително и оние без правен статус.

Влијанието на државјанството со право на раѓање е големо. Тоа ја обликуваше демографијата на САД, обезбедувајќи државјанство на милиони родени на американско тло. Болниците обично не бараат доказ од родителите за правен статус, а некои раѓања се случуваат надвор од болниците поради културни или лични избори, што ги прави точните бројки недостапни.

Критичарите предупредуваат дека укинувањето на државјанството со право на раѓање може да доведе, некои деца да останат без државјанство, лишувајќи ги од основните права како образованието и здравствената заштита.

Во својата суштина, оваа дебата оди подалеку од имиграцијата - тоа е спор околу тоа кој ќе биде Американец и принципите што ја водат таа одлука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG