Линкови за пристапност

Почина Сарџент Шрајвер


Почина Сарџент Шрајвер
Почина Сарџент Шрајвер

Шрајвер беше на многу јавни функции во текот на животот и влезе во семејството Кенеди со женидба за Јунис Кенеди

Ветеранот во американската политика и поранешен директор на Мировните сили (Peace Corps) Сарџент Шрајвер почина на 95 години.

Шрајвер бил примен во понеделникот, во болница во близина на Вашингтон, заради необјавена причина. Но тој долго време страдал од Алцхајмерова болест.

Сарџент Шрајвер бил зет на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, кој беше убиен во атентат во 1963.

Тој исто така беше зет на Роберт Ф. Кенеди, поранешен американски сенатор и претседателски кандидат врз кого беше извршен атентат во 1968, и на сенаторот од Масачусетс Едвард Кенеди, кој почина во 2009.

XS
SM
MD
LG