Престолонаследничката на Шпанија, принцезата Леонор, се сретна со португалскиот претседател во Лисабон во петокот (12 јули), како дел од нејзиното прво официјално меѓународно патување без нејзините родители, кралот Фелипе и кралицата Летиција.
Шпанската принцеза од Астурија, наполни 18 години на 31 октомври минатата година кога пред пратениците во парламентот се заколна на верност на уставот на земјата.
Позиција на Леонор како престолонаследник значи дека доколку нејзиниот татко, кралот Фелипе, се повлече од функцијата, таа ќе стане шпанска кралица.