Линкови за пристапност

Холивуд и шоу бизнис: Бибер и Круз во фокусот


Холивуд и шоу бизнис: Бибер и Круз во фокусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Direct link

Холивуд и шоу бизнис: Бибер и Круз во фокусот

Мега концерт во Мексико сити на Џастин Бибер и премиера во Европа на новиот филм на Том Круз

Обожувателите на Џастин Бибер се собираат во Мексико сити за неговиот бесплатен мега-концерт на централниот градски плоштад што ќе се одржи во понеделник навечер.

Многумина патувале стотици милји и изминатит викенд кампирале на улиците за да ја видат и слушнат тинејџерската суперѕвезда.
Том Круз го затресе Лондон со европската премиера на неговиот нов филм „Rock of Ages”.

Филмот е направен по мјузикл и му оддава почит на звукот од 1980-те, со хитовите на Деф Лепард, Форинер, Бон Џови и Поисон.

Циркуските животни за Холивуд беа голем настан изминатиот викенд. „Мадагаскар 3“ донесе над 60 милиони долари во касите на американските кино сали.

„Прометеус“ го започна прикажувањето на второ место по заработка, собирајќи 50 милиони долари. Акциониот филм е верзија на научно-фантастичниот хорор филм на режисерот Ридли Скот“ „Вонземјенин“.

Филмот број еден по гледаност од минатата недела, „Снежана и ловецот“, падна на трето место со 23 милиони долари заработени од придажба на билети за време на викендот.
XS
SM
MD
LG