Холивуд тагува – 72 - годишната актерка Кетрин Џустен, позната како љубопитната Карен Мекласки во популарната серија „Очајни домаќинки“ ја загуби 11- годишната битка со ракот на белите дробови. За волја на случајот, и нејзиниот лик во последната епизода од серијата почина од рак. Кетрин беше гласен поборник за истражувања за третман на ракот.
Поранешната ѕвезда од „Сајнфилд“, комичарот Џејсон Александер, се извини за невкусната шега дека го смета крикетот за спорт на хомосексуалците. Во јавно извинување преку Интернет, Александер рече дека неговиот коментар бил „навредлив“ и требал да се изрази подобро.
Во кино-салите изминатиот викенд, доминација на филмот „Снежана и ловецот“ кој ја урна конкуренцијата, со 56,3 милиони долари заработувачка! Филмот, инспиран од познатата бајка, ги надмина очекувањата на продуцентите, привлекувајќи ја женската публика, како и младата популација.