Линкови за пристапност

Втор ученик почина по пукањето во Охајо


Втор ученик почина по пукањето во Охајо
Втор ученик почина по пукањето во Охајо

Сега официјално има двајца загинати од огнот отворен од ученик во средно училиште врз соученици во понеделникот.

Официјални лица соопштија дека втора жртва починала во текот на ноќта откако ученик отворил оган на соученици во неговото средно училиште.

Лицето што пукало е идентификувано како ТиЏеј Лејн. Тој отворил оган со пиштол на група ученици во средното училиште Чардон кусо време по почетокот на училишниот ден во понеделник утрото. Во моментов е во притвор.

На повредите во понеделникот во болница им подлегна еден ученик, а денеска уште еден. Тројца други ранети се во болница.

Настанот ги шокираше граѓаните на малото гратче во Охајо, кои го опишуваат Лејн како самотник кој трпел заплашувања и постирал предупредувања на Твитер и оставил вознемирувачки пораки на Фејсбук.

Факти: Пукање во американски училишта

Пукањето во Охајо е најлошо во американските училишта за последните 11 месеци. Последниве години во американските училишта и универзитети имаше неколку смртоносни пукања.

  • 8 декември, 2011: 2 убиени во Вирџинија Тех.

  • 10 мај, 2011: 3 убиени во Државниот универзитет Сан Хозе во Калифорнија

  • 5 јануари, 2011: 2 убиени во Средното училиште Милард Саут во Небраска

  • 9 март, 2010: 2 убиени во Државниот универзитет во Охајо.

  • 27 октомври, 2008: 2 убиени на Универзитетот на Централен Канзас.

  • 14 февруари, 2008: 6 убиени на Универзитетот на Северен Илиноис .

  • 8 февруари, 2008: 3 убиени на Техничкиот колеџ во Луизијана.

  • 16 април, 2007: 33 убиени во Вирџинија Тех.

  • 2 октомври, 2006: 6 убиени во училиште за Амиши во Пенсилванија.

XS
SM
MD
LG