Еден студент е застрелан и убиен, а други четворица повредени во средно училиште во сојузната држава Охајо.
Шерифот од општината Геуга рече дека пукањето се случило во кафетеријата пред да почнат часовите во средното училиште Шардон, на околу 50 километри источно од Кливленд. Замениците на шерифот потврдија дека осомничениот е во притвор.
Повредените студенти се пренесени во две блиски болници, каде еден од нив им подлегна на повредите. Нема информации за состојбата на другите.
Главниот управник на училиштето Шардон рече дека останатите 1100 ученици се безбедни.