Линкови за пристапност

Шест години по „Крвавиот четврток“ – укинати пресуди, амнестија, долгогодишни затворски казни


Шест години потоа: Дел од амнестираните сè уште се политички активни, дел се повлекоа од јавниот живот, осудените ги издржуваат долгогодишните затворски казни, премиерот се повлече, а обвинителката која го водеше процесот е разрешена
Шест години потоа: Дел од амнестираните сè уште се политички активни, дел се повлекоа од јавниот живот, осудените ги издржуваат долгогодишните затворски казни, премиерот се повлече, а обвинителката која го водеше процесот е разрешена

СКОПЈЕ – Организаторите на „Крвавиот четврток“ чекаат нов судски процес, дел од амнестираните сè уште се политички активни, дел се повлекоа од јавниот живот, осудените ги издржуваат долгогодишните затворски казни, премиерот се повлече, а обвинителката која го водеше процесот е разрешена. Вака изгледа политичко – судскиот епилог шест години по упадот во Собранието и нападот врз пратениците, но и новинарските екипи.

Шест години по „Крвавиот четврток“ - политичко судски епилог
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

На почетокот на овој месец Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда против организаторите на упадот и насилствата во Собранието, тогашниот спикер Трајко Вељановски, екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Тие добија вкупно 25 години затворска казна a осомничени беа и бегалците Никола Груевски и Никола Бошкоски на кои судот одлучи да не им суди во отсуство.

Апелација ја лоцираше амнестијата како причина за укинувањето на пресудата на Кривичниот суд. Апелациските судии сметаат дека Кривичниот суд недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори и потоа ги занемарил приговори на одбраната околу примената на Законот за амнестија кој пропишува под кои услови се ослободуваат од кривично гонење инволвираните во настаните од 27 април 2017 година.

Минатиот месец пак во Собранието не помина предлогот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за амнестирање на осудените на долгогодишни затворски казни за „Крвавиот четврток“ бидејќи за него гласаа 41 пратеник а 58 беа против.

Ставот на најголемата опозициска партија беше дека треба да се исправи селективната амнестија од 2018 година а гласеше сите кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени, а за осудените над десет години да се ослободат од половина од казната.

А токму таа амнестија ја искористија 15 од вкупно 31 обвинет за насилствата во Собранието. Амнестијата ги опфати вратарите и пратеници Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски. Арнаудов, Мукоски и Василевски потоа гласаа и за уставните измени а компанијата чиј сопственик е братот на Мукоски доби неколку тендери вредни повеќе милиони евра.

Амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески и Владо Јовановски.

За виновни за насилствата на „Крвавиот четврток“ судот прогласи 16 обвинети и ги осуди на вкупно 211 години затворска казна.

Единствено Игор Дурловски, водачот на протестите кој одби амнестија, беше ослободен од вината.

Највисока казна доби тогашниот висок полициски функционер Митко Чавков – 18 години затвор а најниска собарнискиот службеник Абдуљфета Алими. Тука треба да се напомене и казната на Алекснадра Василсвеки – Нинџа чии искази беа клучниз а обвинителството.

Апелацискиот суд потоа ја потврди пресудата на Крвичниот но им ги намали затворските казни на сите осудени за една до две години.

Шест години подоцна, Зоран Заев повеќе не е премиер и лидер на владеjaчката СДСМ и тврди дека се повлече од политиката а обвинителката Вилма Рускоска, кој го застапуваше обвинителниот акт и се согласи да амнестира клучни учесници во насилствата, е разрешена поради наводно несовесно работење во друг случај поврзан со истражување на висока корупција.

XS
SM
MD
LG