Линкови за пристапност

Тадиќ го потврди апсењето на Младиќ


Тадиќ го потврди апсењето на Младиќ
Тадиќ го потврди апсењето на Младиќ

Српскиот претседател најави истрага - зошто биле потребни 15 години да биде фатен обвинетиот за масакрот во Сребреница?

Претседателот на Србија Борис Тадиќ го објави апсењето на поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, кој е обвинет за воени злосторства во Босна во 1990-те.

Тадиќ свика итна прес-конференција откако медиумите ја проширија веста дека е уапсено лице за кое се верува дека е Младиќ. Тој рече дека 69-годишниот Младиќ бил уапсен на српска територија и дека во тек е процесот на испорачување.

Според Тадиќ, Србија со апсењето затворила поглавје од својата историја и тоа ќе ја доведе земјата еден чекор поблиску до помирување. Српскиот претседател најави дека ќе биде спроведена истрага - зошто биле потребни 16 години за да биде фатен 69-годишниот Младиќ?

Судот на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија во 1995-та го обвини Младиќ за ѕверствата извршени за време на тригодишната опсада на Сараево и за масакрот на 8.000 босански мажи и момчиња близу Сребреница.

Масакрот на цивили во Сребреница се смета за најголемо злосторство во Европа по Втората светска војна.

Минатата недела, главниот обвинител на Судот Серж Брамерц кажа дека Србија не чини доволно за да ги уапси Младиќ и хрватскиот Србин Горан Хаџиќ, кого Судот исто така го бара.

Претставници на Европската унија го направија испорачувањето на Младиќ главен услов за доделување на кандидатски статус на Србија.

XS
SM
MD
LG