Линкови за пристапност

Коркер: Богатството на Путин не дошло од нормални владини активности


Ексклузивно интервју на Гласот на Америка со сенаторот Боб Коркер, претседавач со сенатската Комисија за надворешни односи, кој се осврна на бројни прашања, како Иран, борбата против ИД и ситуацијата во Русија

Републиканскиот сенатор Боб Коркер од сојузната држава Тенеси, изјави дека актуелните преговори во Женева за ставање крај на речиси петгодишниот конфликт во Сирија, почнуваат од тешка појдовна основа. „Секако дека поддржувам дипломатски разговори, како и секој друг, но мислам дека во моментов елементите не се на вистинското место, фактите на теренот се менуваат “, кажа тој.

Што се однесува до Иран, познато е дека сенаторот Коркер се изјаснил против неодамна постигнатиот нуклеарен договор со оваа земја. На прашањето дали сака спогодбата да успее и дали Конгресот под контрола на републиканците, може нешто да стори за да помогне во таа цел, тој изјави:

„Не ми се допаѓаше договорот бидејќи нудеше итни отстапки од овластувањата. Иран во моментов има пристап до многу ресурси, што не беше случај претходно, за да го продолжи истражувањето за производство на нуклеарно оружје“, рече овој сенатор. Тој додаде дека секако оти би сакал договорот да успее и смета дека на двопартиска основа ќе се стори се` што е можно, за Иран да се држи „буден“. Тој воедно истакна дека коалицијата оди напред и дека постои голем економски интерес од страна на Европа.

„Русија продава оружје, Кина продава нафта, нема да видите негативен исход веднаш, ќе објасните што значи да се прекршат одредбите од договорот. Сакам да успее, со што ќе се испрати сигнал до Иран дека прекршувањата имаат значење. Тоа е единствениот начин да биде успешен“.

Бројни републикански сенатори се изјасниле дека договорот со Иран треба да биде поништен штом ќе биде избран новиот претседател наредната година. На прашањето дали САД можат унилатерално да излезат од коалицијата којашто ја поддржа нуклеарната спогодба, Коркер кажа:

„Разочаран сум од нашите сојузници, на одлуката влијаеја многу економски интереси. Новиот претседател во тој момент треба мошне умно да ја оцени ситуацијата, да ги разгледа прекршувањата и да појде оттаму. Секој сака да звучи најстрого што може, секој претседател би сакал да ја согледа ситуацијата и да утврди кој би бил најдобриот начин Иран да се држи настрана од нуклеарното оружје“.

„САД се најголема светска сила“, подвлече Коркер, сметам дека треба да се евалуира ситуацијата и да се обидеме да ја придобиеме поддршката од меѓународната коалиција, доколку видиме дека активностите на Иран водат кон нуклеарно оружје, дури потоа да го менуваме курсот“, изјави Коркер.

Во однос на кампањата против ИСИС, тој истакна дека неодамна го посетил Катар и бил импресиониран од координираноста на воздушните напади. Тој го посетил и Авганистан и кажа дека американската армија може да преземе акции против Ал Каида, но не може да го стори тоа против ИД. „Смешно е“, вели тој, „за среќа Еш Картер ја смени тактиката, не може да се преземат акции против ИСИС, доцниме, мислам дека за тоа ќе имаме и истомисленици“.

Овој сенатор беше дециден кога кажа дека има многу нешта кои довеле да дојде до тоа - како вакуум просторот во 2011-та во Ирак, непреземените акции во 2013-та, „ова“, вели тој, „беше голем чекор наназад“. Коркер додаде дека се надева на интензивирање на операциите.

На тема Русија, сенаторот од Тенеси беше категоричен дека рускиот народ почнува да согледува дека има лидер кој поседува огромно лично богатство, нешто што ќе предизвика дополнителна нестабилност во Русија, кажа тој. „Како може поранешен претставник на руската тајна служба да дојде на власт и толку да се збогати? Не може да се постигне тоа преку нормални владини делувања, мора да е во прашање корупција. Со тек на време тоа ќе биде дестабилизирачки за режимот на Путин, штом се` повеќе луѓе ќе откриваат за што всушност се работи.“

XS
SM
MD
LG