Линкови за пристапност

Руски тактики на мешање во изборите - во фокусот на распитот во Сенатот


Двајца сенатори од обете партии ветуваат темелна и неутрална истрага

„Русија спроведе мошне успешна и кампања без преседан, за да влијае врз политичката конверзација за време на минатогодишната претседателска кампања“, велат експерти, кои учествуваа на денешниот распит во сенатската Комисија за разузнавање.

Клинтон Ватс од Институтот за надворешна политика во детали зборуваше за употребата на кибернетски напади од страна на Русија и обемна кампања на дезинформации, со цел да внесе забуна кај американските гласачи и да ги предизвика конфронтација меѓу нив.

Распитот го потврди она што законодавците од обете партии го велат со месеци.

„Рускиот претседател Владимир Путин наредил точно насочена кампања, којашто внимателно целела на омаловажување на нашите избори“, истакна членот на Комисијата, демократско, сенаторот од Вирџинија Марк Ворнер.

Пред почетокот на сослушувањето, Путин ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, нарекувајќи ги „провокации и лаги“. Запрашан за тоа дали Москва се обидела да влијае на исходот на изборите во САД, тој одговори со категорично – не.

Претседателот Трамп продолжува да порекнува каква било поврзаност со Русија за време и по кампањата, изрази сомнеж за американското разузнавање за руското мешање и обвини одредени медиуми за интензивирање на валкана кампања против него. Сепак, Белата куќа ја прифати потребата за продолжување на истрагата.

„Сакаме ова да заврши, исто како и некои од вас. Но, согледуваме дека притоа има соодветен процес“, рече портпаролот Шон Спајсер.

Сенатската Комисија за разузнавање денеска одржа отворен распит за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД.

Претседавачот со Комисијата, републиканцесот Ричард Бур од Северна Каролина и демократот Марк Ворнер од Вирџинија, ветија темелна и неутрална истрага.

„Јас и Марк можеби на политиката гледаме поинаку, но тоа не е случај со одговорностите што ги имаме во оваа Комисија – а тоа е добивање доверба и почит од страна на разузнавачката заедница, за таа да се чувствува отворено и да споделува информации со нас, бидејќи така ќе ја завршиме нашата работа уште подобро“, истакна Бур.

Бур додаде дека добиена е „огромна количина на документи“ и Комисијата е во „постојани преговори“ со разузнавачката заедница за да добие пристап до дополнителен материјал. Според него, на дневен ред се најмалку 20 интервјуа, вклучувајќи го и Џаред Кушнер, советник и зет на претседателот Трамп, кој доброволно се пријави.

Претходно, истрагата ја предводеше Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом. Но Комисијата за до крајот на неделава ги откажа отворените распити, по конфронтациите поврзани со претседавачот Дејвид Нунес, којшто лично го брифирал Трамп во врска со доверлив материјал што досега го нема споделено со членовите на Комисијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG