Линкови за пристапност

Сенаторот Кокран се повлекува од функцијата


Долгогодишниот републикански сенатор, Тед Кокран, изјави дека поради здравствени причини се повлекува од функцијата на 1-ви април.

Кокран, кој има 80 години, е претседател на Комисијата за назначување на Сенатот.

Од страна на гувернерот на Мисисипи ќе биде поставена привремена замена за Кокран, се` до ноември, кога ќе се одржат специјални избори за пополнување на испразнетото место.

Заминувањето на Кокран значи дека републиканците на изборите во ноември ќе мора да одбранат две места во Сенатот, кои доаѓаат од сојузната држава Мисисипи.

Другото место во Сенатот од оваа сојузна држава го држи републиканецот Роџер Викер, кој годинава треба да излезе на избори.

Републиканците во моментов имаат предност од 51, наспроти 49, за демократите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG