Сенатот вечерва по локално време треба да гласа за потврда на номинацијата на сенаторот Џеф Сешнс, на функцијата главен правобранител.
Сешнс се соочи со остра критика од демократите кои укажуваат на неговите претходни ставови околу имиграцијата и граѓанските права, како и тоа дека е премногу близок со претседателот Доналд Трамп, за да може владеењето на правото да го стави пред политиката.
Републиканците сепак застанаа во негова одбрана, велејќи дека долгогодишната кариера во Сенатот, го покажала интегритетот на Сешнс.
Гласањето за потврда на Сешнс беше одложено заради тоа што демократите во Сенатот ја користеа парламентарната тактика на пролонгирано обраќање од говорницата.