Линкови за пристапност

Се зголемуваат тензиите на Арктикот


Се зголемуваат тензиите на Арктикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Климатските промени брзо го менуваат арктичкиот регион, создавајќи еколошка опасност, економски можности и геополитичка тензија додека големите светски сили се борат да ги контролираат новопристапните бродски патеки и депозитите на ресурси.

И покрај тоа што е еден од најстудените и најмалку населените региони на Земјата, Арктикот брзо станува клучен фокус за САД и другите регионални сили.

Осум земји имаат своја територија северно од Арктичкиот круг: Канада, Русија, Исланд, Финска, Норвешка, Шведска, Данска и САД. Од 1996 година, овие влади учествуваат на форумот на Арктичкиот совет, заедно со претставници на домородните групи како Сами, Инуити и Чукчи, за да промовираат научни истражувања и зачувување на животната средина.

Сепак, од руската инвазија на Украина во 2022 година, други влади на Арктикот ја прекинаа соработката со Москва.

Напнатоста доаѓа во време кога топењето на мразот поради климатските промени го претвора Арктикот во зона на комерцијална и геополитичка конкуренција, отворајќи нови бродски рути додека ги прави подостапни наоѓалиштата на фосилни горива и минерали.

Русија го контролира најголемиот дел од крајбрежјето на Арктикот и изгради воена инфраструктура и ги проширува своите територијални претензии.

Постојат поморски спорови, и покрај Конвенцијата на Обединетите нации за поморското право. И Канада и Русија тврдат дека делови од новите бродски рути минуваат низ нивните територијални води, додека САД допрва треба да го ратификуваат поморскиот договор на ОН.

Надворешните сили, исто така, притискаат со тврдења, откако Кина се прогласи себеси за „држава речиси на Арктикот“, соработувајќи со владите на Арктикот за да инвестираат во инфраструктура и истражување.

Со оглед на зголеменото руско и кинеско присуство, Гренланд - автономна територија на сојузникот на НАТО, Данска, се смета за клучна за американската арктичка стратегија. Островот веќе содржи американска воена база а, од неодамна забележа и дополнително воено засилување од Данска.

Како што регионот се загрева - и буквално и политички - натпреварот за влијание на Арктикот само што започнува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG