Според најновите податоци на Светската Здравствена Организација вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус надмина 124.500 од кои 4.600 се починати. Вирусот стигна во 118 држави, а најновите кои информираа за случаи кај нив се Турција, Боливија, Јамајка и Куба.
Покрај ограничувањата на патувањата се повеќе Влади започнаа со забрани на јавни собири.
Калифорнија ги откажа сите собири со повеќе од 250 луѓе и препорача оние во помали групи да се држат на растојание од два метри.
НБА ја откажа сезоната на неодредено откако кај еден од играчите на Јута Џез беше потврдено присуство на вирусот.
Откажано е и Светското првенство во уметничко лизгање кое требаше да се одржи наредната недела во Монтреал, Канада.
Во Австралија првата трка на Формула Еден сепак ќе се одржи во недела и покрај тоа што неколку членови на тимовите се држат во изолација додека чекаат на резултати од тестовите.
Бахреин, државата каде треба да се одржи втората трка, веќе најави дека нема да дозволи публика.