Линкови за пристапност

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатските листи за пратеници


И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатските листи за пратеници
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатските листи за пратеници

Кандидатката за шеф на државата, Гордана Силјановска Давкова во првата, партискиот потпретседател Владо Мисајловски во втората, генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во третата, другиот потпретседател, Александар Николовски, во четвртата, оперскиот пејач, Игор Дурловски, во петата и актуелната пратеничка, Дафина Стојановска, во шестата изборна единица – тоа се носителите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција на шесте кандидатски листи за пратеници. Кандидатите што врвот на опозициската партија вчера ги избра, денеска беа потврдени и на ниво на коалицијата „Онбова за Македонија“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е уверен во победа на 12 април.

Идната победничка Коалиција значи обединување околу идеја, цел и кауза каде врвниот интерес е иднината на Македонија
Христијан Мицкоски


„Идната победничка Коалиција значи обединување околу идеја, цел и кауза каде врвниот интерес е иднината на Македонија. Претставниците на политичките партии денес присутни се тука затоа што веруваат во заедничката иднина, и вистински ја сакаат Македонија, и покрај сите привилегии и подмитливи понуди кои може да стигнат од една корумпирана влада во заминување како актуелната, тие останаа, беа истрајни и препознаа квалитет во идната коалиција, која ќе ја донесе обновата“ изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На кандидатските листи на опозицијата се најдоа и екс-новинарот Сафет Бишевац кој еднаш веќе беше пратеник, но на список на СДСМ, Јохан Тарчуловски, разрешената министерка Рашела Мизрахи, Антонио Милошоски. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ реши дека на овие избори не треба да „трчаат“ долгогодишните пратеници и експонирани лица на партијата – Илија Димовски и Влатко Ѓорчев.

Шестемина носители на опозицијата ќе им се спротивстават на носителите на листите на власта - Никола Димитров, кој е во првата, Оливер Спасовски во втората, Љупчо Николовски во третата, на Зоран Заев во четвртата, Радмила Шеќеринска во петата и на Билал Касами во шестата изборна единица.

XS
SM
MD
LG