Линкови за пристапност

Пробиви: Клеточна терапија


Истражувачи во Калифорнија велат дека во догледна иднина имунитетни клетки ќе се користат како лековите денеска.

Истражувачи од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско велат дека нова клеточна терапија има потенцијал да одговори на критичната потреба за третман на некои од најсмртоносните болести, како дијабетес, рак и болести на воспаление на стомачната празнина.

Овие можности се опишани во напис на журналот на Интернет Science Translational Medicine, каде ко-автор е професорот Вендел Лим. Лим вели дека природните системи за борба против болести на нашето тело можат да се стават во служба да прават многу повеќе:

“Нашите тела се составени од клетки, и ние во телото имаме клетки, како имунитетните клетки, што одат наоколу и го штитат нашето тело. Тие всушност изведуваат сложени терапевтски функции. Она за што не знаеме многу е идејата дека можеме да ги употребиме тие клетки како фактички лекови.“

Лим вели дека истражувачите развивале нови сложени клеточни терапевтски стратегии, што се надоградуваат на нашето постоечко знаење за тоа како гените го програмираат развојот и внатрешната функција на клетките.

На пример, бидејќи природната имунолошка реакција на телото при ширење на клетки на рак е често слаба, научниците создаваат растечка популација на имунитетни клетки кои целат на специфични молекули најдени на клетките за рак. Лим кажа дека веќе има забележителни опоравувања од рак што се должат на тие експериментални клеточни терапии.

„Последнава година-две имаше некои навистина возбудливи пробиви кои покажаа дека идејата за користење клетки за терапија е издржана. Едно од нив е дека луѓето започнаа да земаат имунитетни клетки од пациенти кои имаат рак и да ги модифицираат за потоа да ги користат за напад на тој рак. Тоа се покажа многу ефикасно кај неколкумина пациенти со леукемија и лимфома кои беа третирани на таков начин.“

Сега се` уште се тестираат овие терапии во независни лаборатории, но Лим вели дека тестирањето не само што ќе ги заштити оние на кои може да биде употребена терапијата, туку може да игра важна улога во натамошен развој и усовршување на самите терапии.

„Ова не е многу контролиран начин на третирање на болеста. Треба да знаеме како да го прочистиме соединението, како да направиме варијанти од него што ја прават оптимална ефикасноста, но исто така да се минимизира токсичноста“, вели Лим.
XS
SM
MD
LG