Линкови за пристапност

Како ќе изгледа учебната година во Северна Македонија?


Како ќе изгледа учебната година?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Владиниот план предвидува наставниот час во основните училишта да трае 30 минути, а во средните 35

На помалку од еден месец од стартот на новата учебна година, надлежните се уверени дека образовниот систем ќе покаже дека има капацитет да обезбеди непречена и квалитетна настава во услови на коронакриза.

За неодамна усвоениот владини план 2020/2021, кој меѓудругото предвидува настава со физичко присуство за децата од прво, второ и трето одделение, со можност за ваква настава и за останатите основци и средношколци ако условите тоа го дозволуваат, денеска се дебатираше меѓу ресорното министерство и првите луѓе на општините во земјава.

Општините имаат рок до 10 септември да го известат министерството за образование дали и кои училишта, покрај прво, второ и трето одделение, можат да почнат со настава со физичко присуство


„Ширината на овој план дава можности и затоа из борувавме со градоначалниците – сите заеднички и наставниците, и директорите, родителите и учениците заеднички можеме да создадеме квалитетна настава во годината 2020/2021“, вели Министерката за образование, Мила Царовска.

Општините имаат рок до 10 септември да го известат министертсвото за образование дали и кои училишта, покрај прво, второ и трето одделение, можат да почнат со настава со физичко присуство и за учениците од другите одделенија.

„Во тек се тие испитувања за да можеме да настапиме пред министерството за образование за да добиеме и одборение од комисијата за здравство за почеток на настава со физичко присуство, онаму каде нема услови ќе оди онлајн настава“, вели градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов.

Во делот на онлајн настава во фаза на тестирање е платформата која веќе и била презентирана на Царовска.

„Таа треба да биде едноставна за употреба и веднаш штом биде финализирана таа ќе биде презентирана за што е можно повеќе граѓани да имаат слика за таа платформа“, вели Царовска.

Владиниот план предвидува наставниот час во основните училишта да трае 30 минути, а во средните 35.

Проверката на знаењето на сите ученици ќе се врши со нивно физичко присуство во училиштата кои по повеќе од пола година пауза на 1 октомври ќе ги отворат вратите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG