Линкови за пристапност

Бомбашки напади во Саудиска Арабија


Неколку градови во Саудиска Арабија вчера беа погодени од самоубиствени бомбашки напади, од кој еден се случи во Медина, а во која загинаа четири лица и пет други беа ранети.

Нападот во Медина се случи на пункт во еден од најсветите Исламски места, џамијата на пророкот Мухамед, каде и е погребан пророкот Мухамед. Местото е посетено од милион верници за време на аџилакот во Мека.

Саудиското министерство за внатрешни работи вели дека напаѓачот се разнел себеси, откако бил запрен од безбедносните сили.

Џамијата била преполна со луѓе во време на неделата кога муслиманите се подготвуваат да го одбележат Рамазан.

Засега никоја не ја презеде одговорноста за нападот.

Властите исто така го истражуваат самоубиствениот бомбашки напад на шиитската џамија во источниот град Катиф. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени три тела, но ниту едно не било идентификувано.

Првиот вечерашен напад се случи во близина на американскиот конзулат во западниот град Џеда. Нападот се случи на сличен начин како оној во Медина, кога напаѓачот го активирал експлозивот откако бил сопрен од безбедносните сили. Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди. Американската амбасада извести дека нема повредени меѓу вработените.

XS
SM
MD
LG