Линкови за пристапност

Тројца мртви при експлозија во џамија во Медина


Неколку часа порано, бомбаш-самоубиец се разнел близу Американскиот конзулат, во западниот дел на Џеда

Експозија го погоди пунктот за проверка пред џамијата на пророкот Мухамед во Медина, Саудиска Арабија, раноутрото.

Видеото, кое беше објавено на ал-Арабија, покажа како оган гори надвор од објектот, на кое може да се види и едно тело.

Ал-Арабија подоцна извести дека има најмалку тројца мртви, вклучувајќи го бомбашот- самоубиец, како и две лица од обезбедувањето.

Џамијата, второ по свето место во Исламот, е место каде што бил погребан пророкот Мухамед. Посетена е од милиони муслимани од цел свет, за време на аџилакот во Мека.

Уште две други експлозии беа забележани во Саудиска Арабија, во текот на Рамазан.

Неколку часа претходно, Саудиското министерство за внатрешни работи рече дека бомбаш самоубиец се разнел близу Американскиот конзулат во западниот дел на Џеда.

Американската амбасада соопшти дека нема повредени меѓу вработените.

XS
SM
MD
LG