Линкови за пристапност

Самитот на АПЕК под сенка на глобалните превирања


Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка се одржува овој месец во позадина на невидени глобални превирања. Дискусиите на АПЕК за време на овој настан од средината на ноември се необврзувачки, но можат да ја постават основата на други форуми за поконкретни договори. Анализа на Елизабет Ли.

Од конфликтот Израел-Хамас, до војната во Украина, овогодинешниот состанок на светските лидери на Азиско-пацифичката економска соработка или АПЕК не е како ниту еден друг во поновата историја.

“Тоа е значајно и веројатно без преседан. Имаме системска нестабилност во моментов каква што веројатно не сме виделе од крајот на студената војна“, вели Али Вајн, виш аналитичар на Групацијата „Евроазија“.

Постојат и потенцијални економски бранови ефекти од овие конфликти.

“Постои лак на нестабилност и тоа е лак што ги поврзува регионите преку синџири на снабдување - што ги поврзува регионите преку различни други канали и важно е да се има на ум, за сите разговори за раздвојување, деризикување, што го прави глобалната економија остануваат суштински меѓусебно зависни”, додава Вајн.

21 членка на АПЕК не само што се разликуваат во нивните мислења за конфликтите, туку има и други извори на триење. Има територијални несогласувања во Јужното Кинеско Море и продолжуваат тензиите меѓу САД и Кина. Наспроти оваа позадина, земјите ќе се обидат да најдат заеднички јазик и да разговараат за необврзувачки теми, со агенда поставена од земјата домаќин.

“Навистина се фокусиравме на работи како унапредување на праведна енергетска транзиција во Азиско-пацификот, унапредување на одржливите земјоделско-прехранбени системи во Азиско-пацификот, гледање на одржлива и инклузивна трговија низ целиот регион”, посочува Мет Мареј, висок претставник на САД за АПЕК.

Друга област на загриженост: како да се намалат ризиците од синџирот на снабдување, со научени лекции од времето на пандемијата.

“Мислам дека она што ќе го видите е некој вид вишок на отпорност за да се осигураме дека нема ниту една точка на неуспех во случај на пандемија”, вели Роберт Холиман, поранешен трговски претставник на САД.

На пример, додека САД увезуваат повеќе стоки од земји вклучувајќи го Виетнам…

“На крајот на краиштата, многу од суровините, а исто така и компонентите, тие сè уште се прават во Кина”, вели Кристофер Танг професор за бизнис.

Односите помеѓу Кина и САД ќе продолжат да ги следат членовите на АПЕК дури и по состанокот на лидерите на АПЕК, во време кога јавната перцепција во многу земји има тенденција да се навртува кон САД, а се смета дека САД повеќе интервенираат во работите на другите земји отколку Кина, според истражувањето Пју.

“Се смета дека САД во голема мера ги земаат предвид интересите на другите земји повеќе од Кина, и дека имаат поголема веројатност да придонесат за глобалниот мир и стабилност”, вели Лаура Силвер од Истражувачкиот центар „Пју“.

“САД и Кина ќе треба да најдат начин да коегзистираат. За разлика од студената војна, која заврши со распадот на Советскиот Сојуз, Вашингтон не оди никаде, Пекинг не оди никаде, конкуренцијата ќе има свои осцилации, но тоа е натпревар кој нема да има дефинитивен крај”, додава Вајн.

Покрај Кина и САД, економиите на АПЕК сочинуваат приближно половина од глобалната трговија и 60% од светската економија. И во меѓусебно поврзан свет, набљудувачите велат дека лидерите ќе треба да ги надминат разликите за да се борат со прашања како што се климатските промени и несигурноста на храната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG